7.8 C
Скопје
00:04 - 31 март, 2026

(Фото) По сите битки и страшни работи, Весна Петрушевска раскажа емотивна приказна за ќерка си Мина

Фото/ Принтскрин јутјуб

Емотивна приказна за борбите на својата ќерка Мина, раскажа актерката Весна Петрушевска на социјалните мрежи, по повод 21-от роденден на Мина, кој беше вчера.

– Мина денес наполни 21 година. Се познаваме точно 20 години. Имаше само девет месеци и четири и пол килограми – рече Весна, која заедно со својот поранешен сопруг Јанко Тренкоски ја посвои Мина и синот Кирил, кој сега живее во Америка со татко му.

– После сите битки, после сте страшни, страшни, страшни работи, денеска Минче студира, а јас сум најсреќен човек на светот – рече Весна Петрушевска.

Таа објави видео со фотографии од прославата на роденденот на кои се таа и Мина, заедно со Сашка, нејзината мајка.

– Имавме планови да се шетаме за овој роденден, сепак ни беше најважно да сме трите, со Сашка Петрушевска заедно. Минче пиле мое среќен 21 роденден и ти навистина си пример како треба едно девојче да се бори и да се избори.

Мина ти си цар. Ти си сонце кое ја чуваш баба, ти си Божји дар за мојата насмевка и светлина која чекори – напиша Весна.

 

Фото / Фејбук

Мина, ќерката на Весна Петрушевска, лани во ноември поминала 15 дена на апарати во болница во Дубаи, откако изгубила свест и ѝ дијагностицирале белодробна емоболија или белодробен инфаркт. Таа заминала да работи во Дубаи со Моника Милкова, семејна пријателка на Петрушевска, во оддел за човечки ресурси во агенција за недвижности.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....