6.8 C
Скопје
09:15 - 1 април, 2026

(Фото) По објавата за разделба од Тоти, Илари Блази со трите деца избега во Танзанија

На социјалните мрежи се постирани видеа и фотографии од одморот во Африка, каде ќе помине неколку дена во луксузно одморалиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeMaledette 3.0 (@lemaledette_3.0)

Неполни 24 часа по објавата за разделба од италијанската фусдбалска ѕвезда Франческо Тоти, убавата водителка Илари Блази „избега“ во Танзанија во луксузно одморалиште, земајќи ги со себе и своите деца. Со цел да се оддалечи од вревата на озборувањата, од коментарите и реакциите на веста која ги „урива“ социјалните мрежи, шоу-девојката и водителка, која помина во стабилен брак на кој многумина завидуваа цели дваесет години покрај поранешниот капитен на Рома, бара мир и релаксација далеку од центарот на вниманието. Во меѓувреме социјалните мрежи „горат“ од аферата на новата девојка на Тоти, убавицата (но сепак неекспонирана и речиси анонимна) Ноеми Боки која е помлада копија на Илари.

принтскрин

Од својот Инстаграм профил, Илари го прикажува патувањето кое го поминала со своите деца Кристијан, Шанел и Изабел на летот за Африка. Водителката од Островот на славните објави неколку видеа без да сака да ја скрие егзотичната дестинација што ја одбрала за да се оддалечи од муабетот што ја опкружува од вчера, откако реши и официјално да го објави крајот на љубовната врска со Франческо Тоти и тоа – како гостинка во ексклузивна телевизиска емисија.

Прикажана одзади со нејзините „момчиња“, за да нагласи дека ова не е љубовно бегство туку „како мајка“, Илари се покажува во зелен дуксер и сив комбинезон, чевли Гучи, црна дизајнерска чанта Шанел…Со неа на патувањето е и сестра ѝ Силвија. Сместени се во суперлуксузен ресорт каде ќе одмараат во следниов период.

 

 

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....