19:27 - 9 јануари, 2026

(Фото) Пејачката Ерзана се врати со моќна порака

Пејачката Ерзана се врати со моќна порака, откако долги години по селењето во Америка, ништо не се знаеше за животот на оваа наша популарна пејачка од 1990-тите.

Ерзана има инстаграм-профил на кој споделува фотографии од времето кога беше екстра популарна на македонската естрада, а според коментарите, популарноста не ѝ е намалена ниту сега. Покрај фотографиите, има разни коментари од типот:

– Врати се на музичката сцена, недостасуваш, те молам for the love of everything that is holy, сними барем само една нова песна, кралицата се враќа, колку јако се облекуваше…“

Во 2000 година, Ерзана го сними својот прв и засега единствен албум „Без зборови“, чии хитови сѐ уште се слушаат.Тоа се песните „Ноќна кралица“, „Колекционер“, „На чекор од тебе“. Кусо откако стана популарна, таа се омажи за Ариан Превала, се пресели во САД и се повлече од музиката. Нејзиното моминско презиме е инаку Бериша.

Во 2019 година, сопругот на Ерзана, спречи трагедија во градот Мериден каде студентот-пилот, Ферас Фреитех од Јордан, во придружба на Превала кој бил инструктор по летање од неразјаснети причини намерно го насочил авионот Пајпер во густо населениот дел на градот, а потоа и во фабриката за воена опрема „Прат и Витни“.

Превала успеал некако да избегне авионот да не се урне во местата каде што има луѓе, ниту во фабриката каде што работеле повеќе 300 луѓе. Пајперот се урнал во една од улиците во градот. Во несреќата загинал Феритех, а Превала доживеал изгореници по телото.

Ерзана со сопругот Фото / Фејсбук

Ерзана, кога беше во Скопје пред неколу години, се сретна со колешката Елена Ристеска. Но, на инстаграм-профилот на Ерзана нема ниту една нова фотографија, а на новата инстаграм-приказна Ерзана испрати моќна порака:

Ерзана со Елена Ристеска Фото / Инстаграм

„Кога си среќен, уживаш во музиката. Но, кога си тажен, го разбираш текстот“, е цитатот кој го споделила пејачката.

Слични објави

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо
Се вчитува....