01:41 - 3 април, 2026

(Фото) Падна помирување: Јелена Карлеуша објави заедничка фотографија со Марија Шерифовиќ

Неодамна сите  медиуми во регионот пишуваа за тоа дека постои некаков конфликт меѓу Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша.

Овие шпекулации станаа јавни откако пејачите престанаа да се „следат“ на Инстаграм.

Двете колешки со години беа во добри односи и заедно беа дел од жирито на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“. Сите се изненадија кога „пукна тиквата“ на пријателството. Сепак, се чини дека има помирување на старите пријателки, и тоа токму на Божиќ.

Јелена на Инстаграм објави фотографии направени претходната година, а потоа сподели и фотографија со Марија. Двете се забавуваат на еден настан. Многумина ова го протолкуваа дека пејачките се смириле.

Потсетуваме, новинарите во една прилика ја прашаа Марија дали Јелена ѝ честитала за албумот „Долази љубов“, а таа објасни во какви односи се.

– Јелена не ми се јавила и претпоставував дека ќе ме прашате за ова. Да ставиме крај на ова засекогаш: Немам ни најмал проблем со Јелена Карлеуша, ако таа има, мислам дека сите треба да го знаеме тоа. Ова е мојот единствен одговор – нагласи Марија.

– Марија знае зошто сум лута, само се преправа, но сега нема да зборуваме за тоа, претстојат празници – изјави неодамна Јелена.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....