7.8 C
Скопје
22:19 - 30 март, 2026

(Фото) Ова е првиот сопруг на Моника Белучи: Имала 26 години кога се омажила, никогаш не кажала збор за него

Малкумина знаат, а уште поретки се фотографиите на фаталната убавица и глумица Моника Белучи и нејзиниот прв сопруг.

Првиот сопруг на Моника Белучи е фотограф, а актерката никогаш не зборува за него.

Моника Белучи и Винсент Касел беа еден од омилените парови во деведесеттите, но многумина не знаат дека најубавата Италијанка пред славниот актер била во брак.
Имено, Моника во 1990 година се омажила за модниот фотограф Клаудио Карлос Басо (63). Белучи имала 26 години кога на фотографот му рекла „да“, а биле во брак четири години. Моника и Клаудио никогаш не откриле на јавноста како се запознале, а се претпоставува дека првата средба се случила на снимање, со оглед на тоа дека Моника пред да стане глумица се занимавала со манекенство.

Моника и Клаудио направиле мала свадба, на која присуствувале само семејството и пријателите. Нејзината венчавка помина незабележано, со оглед на тоа што во тоа време не беше популарна.

Она што се знае за Клаудио е дека тој е роден во Франција, каде што неговите родители се преселиле од Аргентина. Тој пораснал во Портофино, Италија, бил вљубен во уметноста, а на 21-годишна возраст станал независен фотограф.

Моника Белучи по фотографот се омажи за Винсент Касел. Тие се венчаа во 1999 година и добија две ќерки – Дева (17) и Леони (12).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CINEMA DREAM ™ (@cinema_dream)

Моника и Винсент се разведоа во 2013 година, а по неа францускиот актер се ожени со 30 години помладата манекенка Тина Кунаки (25).
Во 2019 година, парот ја доби ќерката Амазонија, а поради разликата во годините често наидуваат на негативни коментари. Сепак, тоа никогаш не ги допрело и не влијаело на нивната љубов.
Неговата поранешна сопруга Моника Белучи веќе четири години ужива во романса со францускиот уметник, која вешто ја кри од јавноста. Врската ја открија на ревијата на „Шанел“ на модната недела во Париз во 2019 година, кога чекореше рака под рака со неа, 18 години помладото момче Николас Лефевр.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....