Дани Димитровска привлече внимание со ретки слики од нејзиното секојдневие и посветеноста кон здравиот начин на живот.
На социјалните мрежи, Дани сподели момент од тренинг во фитнес-сала, каде што може да се види како вредно вежба со топка. Насмеана и полна со енергија, пејачката покажува дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие.

Инаку, зад Дани е и еден значаен приватен момент – таа стапи во брак во септември 2025 година, започнувајќи ново животно поглавје со Горан Веселиновски-Весел.
Неодамна, објави романтични слики со сопругот од нивното патување во Виена, на кое ѝ се остварила голема желба.
„Концертот на Франц Фердинанд? Во град што изгледа како музеј, концертов беше изложба. Изложба на вредности. Музички. Не успеав да снимам многу, човекот замоли да бидеме присутни во моментот без телефони. Фала му.
А Виена? Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали. Кали“, напиша пејачката на Инстаграм.
