7.8 C
Скопје
23:58 - 22 март, 2026

(Фото) Опасни нови сцени на Том Круз: „Најголем трик во историјата на кинематографијата“

На актерот изгледа дека годините не му се пречка за да продолжи да снима. На полни 62 години Том Круз виси од авион кој се врти додека лета. Секако, станува збор за снимање на ново продолжение на „Невозможна мисија“. Но, интересно е дека Круз одбил да носи падобран бидејќи се држел за авионот изведувајќи трик што ретко кој би се осмелил да го направи.

Фотографиите објавени од британските медиуми го покажуваат застрашувачкиот момент кога авионот се превртел, оставајќи го Том да се држи за крилото.

„Изгледаше дека ликовите снимаат сцена со борба каде што се караат пред авионот да се преврти наопаку. Пилотот беше облечен во зелено, што сугерираше дека ќе биде отстранет од сцената, а Круз и Моралес ќе бидат единствените во авионот“, изјавил извор за „Мирор“.

Круз стана препознатлив токму поради акробациите кои сам ги изведува, а имаше и улоги за кои такви работи беа особено неопходни, почнувајќи од „Топ Ган“ па завршувајќи со бројните продолженија на „Невозможна мисија“.

За последниот објавен дел од „Невозможна мисија“ тој се надмина себеси, изведувајќи скокање од карпа. Овој потфат беше окарактеризиран како „најголемиот трик во историјата на кинематографијата“.

 

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....