21.8 C
Скопје
18:16 - 5 април, 2026

(Фото) Нур Алфалах го покажа синот на Ал Пачино: „Целото мое срце и најголемиот благослов во мојот живот, Роман“

Нур Алфалах, девојката на 83-годишниот актер Ал Пачино, ја покажа првата фотографија од бебето Роман, кое се роди во јуни 2023 година. Таа ја објави фотографијата на Инстаграм.

На фотографијата синот на Нур и Ал Пачино се држи за прстот на мајка си.

„Целото мое срце и најголемиот благослов во мојот живот. Роман“, напиша Нур на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

Да потсетиме дека Роман е четврто дете на Ал Пачино.

Сепак, Ал Пачино никогаш не бил оженет. Тој имаше долга врска со актерката Дајан Китон, неговата колешка во „Кум“.

Оваа врска започна за време на снимањето на првиот филм „Кум“, но заврши откако заврши снимањето на вториот дел од трилогијата.

Во 1977 година, на снимањето на Боби Дирфилд, ја запознал Марта Келер со која започна врска.

На 16 октомври 1989 година, учителката по глума Јана Тарант му ја роди ќерката Јулија Марија Пачино.

Потоа, во 2001 Ал Пачино ги доби близнаците Антон Џејмс и Оливија Роуз со актерката Беверли Д’Анџело, со која се забавуваше од 1996 до 2003 година, па влета во долга врска со аргентинската актерка Лусила Сола. Ја посвои нејзината ќерка Камила Мороне и ја поддржуваше на секој можен начин. Но, сега, откако тој и Нур Алфала почнаа да живеат заедно, се дозна дека Лусила и нејзината ќерка не можат да стапнат во неговата куќа каде, до претходно, биле чести гости.

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....