00:51 - 2 април, 2026

(Фото) Новиот дечко на Ана Николиќ сака да се слика разголен: Мускулите и тетоважите во преден план

Српската поп ѕвезда Ана Николиќ веќе неколку недели ужива во љубовта со новото момче Немања Р. наречен Мања, а за тоа дека љубовта е силна сведочи и информацијата дека тој се вселил во нејзиниот стан на Вождовац.

Социјалните мрежи сега се преплавени со фотографии на Немања, на кои тој позира како од мајка роден. На нив е без маица, а во преден план му се мускулите и тетоважите.

– Немања со години се занимава со спорт, баш води сметка за себе. Тоа му е и хоби, следи спорт, особено сака фудбал и тенис. Сака да се соблекува на социјалните мрежи и да го покажува своето тело. Тој е разведен, има син, кој го наследил неговиот талент за спорт. Засега одлично се согласува со Ана, ќе видиме колку ќе трае, бидејќи тој е многу специфична личност. Исто како и Николиќ, веројатно затоа се најдоа. Не за џабе велат „Сличен на сличен се радува“ – заклучува соговорникот за српски „Курир“.

Да потсетиме, Ана неодамна призна дека би сакала повторно да се вљуби, што набрзо и се оствари.

– Би сакал да се вљубам, навистина е време, навистина е доста. Би сакала малку да се врзам, посакувам нешто во следната година – открила пејачката за емисијата „Премиера – викенд специјал“.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....