6.9 C
Скопје
04:12 - 1 април, 2026

(Фото) Немој да си играш со Селена – Кајли Џенер е лузерката во војната на ѕвездите

Кајли Џенер, најпопуларната жена на социјалните мрежи изгуби речиси милион следбеници на Инстаграм, откако ја исмејуваше пејачката Селена Гомез.

Фотографијата која Селена ја објави кога се започна денес има 17 милиони лајкови. Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број негативни коментари.

Како што пишуваат американските медиуми, Џенер ги загуби обожавателите поради конфликтот со популарната пејачка. Причината е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на поранешното момче на Селена, Џастин Бибер) и Селена Гомез.

Се започна на 22 февруари кога милиони фанови претпоставија дека Хејли и Кајли ја исмејуваат Селена поради нејзиното појавување на социјалните мрежи. Тоа беше истиот ден кога Селена ја симна Кајли од тронот како најследена жена на Инстаграм.

Наскоро на социјалните мрежи започна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена Гомез и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Хејли и Кајли.

Бројот на нивните следбеници почна брзо да опаѓа, а Селена од 381 милион се искачи на над 389 милиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....