11:53 - 29 март, 2026

(Фото) Наум Петрески изненади: Во друштво на легенда и со интересен имиџ

Наум Петрески сподели вреден спомен на неговиот Инстаграм-профил, а на сликата е со легендата Пепи Бафтировски.

Фолк-пејачот на сликата потсети и на неговиот имиџ на почетокот од кариерата, кога стана популарен со „Жал за Деспина“ и „Има ли песна“, песни кои се хитови и денес. Наум во повеќе наврати има изјавено дека многу го почитувал Пепи Бафтировски.

Фото/Инстаграм

Инаку, Ава Керш, поранешната сопруга на Пепи Бафтировски се отвори за бракот со легендарниот пејач кој почина во Америка во 2008 година.

Во подкастот „Марија во Америка“ кој го прави новинарката Марија Главчева, Ава Керш зборуваше за нивниот брак и разликата во години.
„Бевме разлика 24 години. Тој ме потсетуваше цело време: ‘Дали знаеш дека нема да биде вака секогаш? Јас сум многу постар од тебе’. А, мене не ме интересираше разликата во годините, имавме исти интереси. Знаете што, кога размислувам вака подлабоко, ако не беше Пепи не мислам дека ќе можев во брак да бидам толку долго“, рече Ава Керш во овој подкаст.

 

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....