5.8 C
Скопје
02:12 - 1 април, 2026

(Фото) НАСА и Белата куќа се простија од Тина Тарнер – „Simply the best“

Светот се простува од славната и неповторлива Тина Тарнер која почина на 83-годишна возраст.

Познати личности од филмската индустрија, пејачи, музичари, фанови изразуваат сочувство на социјалните мрежи, пишуваат „Тина – Simplу the best“, Тина беше лавица на сцената, кралица, а од најдобрата пејачка на светот се простија и НАСА и Белата куќа.

„Едноставно најдобра. Музичката легенда Тина Тарнер блескаше на сцената и во милиони срца како кралица на рокенролот. Нејзиното наследство ќе живее засекогаш меѓу ѕвездите“, објави НАСА.

Портпаролката на Белата куќа пак, Карин Жан-Пјер рече дека смртта на Тарнер била „огромна загуба за сите што ја сакаа и за музичката индустрија“.

Претседателот на САД Џо Бајден изрази сочувство по смртта на музичката икона Тина Тарнер, нарекувајќи ја починатата пејачка „талент кој се појавува еднаш во генерацијата“.

„Џил и јас ја испраќаме нашата љубов и молитви до нејзиниот сопруг Ервин, до останатите членови на семејството Тарнер и до обожувачите ширум светот кои денес тагуваат за жената за која се согласуваме дека беше „едноставно најдобра“, вели американскиот претседател Бајден.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....