10:58 - 5 декември, 2025

(Фото) Наоми призна како ги добила децата на „стари години“: Биолошки е нејзино, но…

Откако пред четири години објави дека добила ќерка, познатата убавица накратко прокоментира дека детето биолошки е нејзино, а до сега не одговараше на прашањата како дошле нејзините деца на свет.

Британската манекенка Наоми Кембел (54), манекенска легенда, ги изненади сите во 2021 година кога објави дека станала мајка на девојче на 51 годишна возраст, а потоа минатиот јуни доби син на 53 години.

Пред три години таа истакна колку е среќна поради новата улога во животот, потврди дека е биолошки родител на нејзината ќерка и дека не е посвоена и не зборуваше повеќе за тоа, ниту често ги покажуваше во јавност своите деца.

Наоми сега реши да проговори и во интервју за Тајмс откри како станала мајка.

– Моите деца ми се сè. Затоа се плашам од иднината – истакна таа.

Кембел објасни дека никогаш не барала маж кој ќе им биде татко на нејзините деца и дека е „среќна што е самохрана мајка“, што доведе до прашања дали станала мајка со помош на сурогат мајка.

– Да, станав мајка со помош на сурогат мајчинство – рече Наоми Кембел и додаде дека се надева на подобар свет за своите деца.

– Тие ми се 110 проценти приоритет. Морам да бидам со нив на првиот училишен ден.

Манекенката истакнала и дека е загрижена бидејќи помладите генерации не се заинтересирани за родителството, а инсистира на тоа дека тоа секогаш да се исплати, без разлика колку се тешки околностите.

– Слушнав како млади девојки велат дека е прескапо да се има деца и дека можеби нема да ги имаат, а јас им реков: „Ќе се предомислите, ќе сакате да бидете мајка“. Разбирам дека економски е тешко. Но, мајка ми немаше ништо и успеа. Вредно е тоа. Тоа е неверојатно – вели супермоделката.

Потсетуваме, светот дозна дека Наоми го доби првото дете кога манекенката сподели фотографија од својата ќерка на социјалните мрежи и напиша – „Пеубавото мало чудо ме одбра да бидам нејзина мајка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Неделен хороскоп (од 10 до 16 јуни): Голема среќа за близнаците, интересни средби за лавовите, тест за рибите…

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....