5.8 C
Скопје
00:35 - 1 април, 2026

(Фото) На Марија Микиќ ѝ го уништиле автомобилот во Скопје: Српската пејачка објави фотографија од инцидентот

Српската пејачка Марија Микиќ во средата одржала настап во Скопје, каде што ја забавувала мaкедонската публика до доцна во ноќта.

Атмосферата беше одлична, но по настапот ја дочекало непријатна ситуација.

Прозорецот од автомобилот на пејачката бил скршен, а таа ја фотографирала глетката и им ја покажала штетата на своите следбеници на Инстаграм.

– И потоа ова ме чекаше мене… – напишала пејачката, додека пред неа се гледа целосно скршено стакло на совозачкото седиште.

Откако нејзината објава предизвикала загриженост кај фановите, пејачката набрзо открила повеќе детали, вклучително и дали некој е повреден.

– Не е мојот автомобил, туку комбето во кое се возиме јас и мојот бенд. Се случи на јавен паркинг во центарот на Скопјe. Украдени се некои лични работи, но ништо што не може да се реши. Најважно е што сите сме добро и дека не дојде до инцидент – открила Марија, додавајќи:

– Само тоа го затекнавме пред ресторанот. Стаклото е заменето, сè е поправено и се вративме, но ете. Се случи среде бел ден, па сум малку лута и револтирана. Има секакви и тоа е тоа – рекла таа.

– Секогаш сме биле топло пречекани во Скопје, па затоа разбирам дека ова е само некој несреќен човек и дека ова можеби било единственото решение за неговиот проблем. На негова чест, сè друго е решливо – рече Марија Микиќ.

Инаку, сè уште не е познато кој го сторил ова.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....