Првата фотографија на Милица Тодоровиќ со синот разнежи многумина – таа го напушти Белград и празничните денови ги минува во Крушевац, каде ужива со најблиските додека силно го прегрнува својот наследник.
Два месеци по породувањето, пејачката одлучи да се повлече од градската врева и времето да го посвети на семејството. Во пресрет на Велигден, ги спакува куферите и замина во родниот град, за празниците да ги помине во топлината на семејниот дом.

Милица не се одвојува од синот Богдан, а сега со следбениците сподели и прв заеднички момент. На социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која нежно го држи во прегратка. Малиот Богдан беше облечен во темносин костум и капче со линии, додека мирно уживаше потпрен на рамото на мајка си.
Пејачката не ја симнува насмевката од лицето, очигледно исполнета и среќна во новата животна улога.
