5.8 C
Скопје
07:00 - 1 април, 2026

(Фото) Меган Фокс во секси издание се појави сама и без вереничкиот прстен на забава по Оскарите

Меган Фокс се појави на забавата на „Венити фејр“ по „Оскарите“ без свршеникот, раперот Машинган Кели, но многумина забележаа дека таа не го носи ниту вереничкиот прстен. Тоа повторно поттикна гласини дека раскинале.

Глумицата го привлече вниманието на забавата, со тесен црн фустан и истакнато деколте, а нејзината препознатлива црна коса ја обоила во црвено.

Озборувањата дека двојката раскинала се појавија минатиот месец кога Фокс сподели пишана порака за неверство на социјалните мрежи, па ги отстрани сите заеднички слики со раперот. Многумина се посомневаа на неверство на раперот, а се спомнуваше и гитаристката Софи Лојд.

Сепак, кусо потоа тие беа видени за Денот на вљубените во автомобилот на канадскиот рапер. Американските медиуми пишуваа дека парот се обидува да си ги реши проблемите кај советник за врски.

Меган, исто така, подоцна негираше дека трето лице е вмешано во нивната врска.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....