13:10 - 14 ноември, 2026

(Фото) Македонската убавица Ивана Манас го краси грчки „Ел“: На голема врата во светот на модата

После големиот успех и соработката со најпознатиот моден двоец Долче и Габана на нивната модна кампања и ревија во 2021 година, нашата врвна моделка Ивана Манас повторно се враќа на голема врата во модниот бизнис.

Минатиот месец престојуваше во Атина, па покрај другите ангажмани го изработи модниот едиторијал за грчкото издание на престижниот моден магазин Elle. Фотосесијата се појави во јулскиот број на Elle Greece.

Зад целиот овој проект стои професионалниот тим на магазинот, а прекрасните локации каде беше реализиран едиторијалот, се во околината на Атина.

„Ивана веќе има големо и богато модно портфолио кое ги вклучува модниот едиторијал за магазинот Vanity Fair, кампањата за брендот Арабал, ревијата за фасцинантниот дизајнер Rick Owens и многу други. Во моментов се договара новата сезона и дали ќе се врати во Милано или пак овој пат ќе отиде во Париз, останува да видиме” велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

 

Слични објави

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.

(Видео) Маја Шупут покажа како вежба за да ја одржи витката фигура, па се пошегува: „Кога овие 15 кг би ми паднале на глава…“

Еспресо

Јована Јеремиќ ја покажа дипломата од факултетот, тврди дека зборува пет јазици: „Сакам да ги нервирам квази интелектуалците“

Еспресо

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо
Се вчитува....