7.8 C
Скопје
21:33 - 13 март, 2026

(Фото) Мајтапи на сметка на Илон Маск за држењето диета: „После ВАКА ќе изгледаш!“

Милијардерот Илон Маск призна дека држи диета и се зафатил со строг режим на исхрана – периодично постење, откако се појавија на социјалните мрежи негови фотографии на кои изгледа во многу лоша форма ова лето.

„По совет на добар пријател, се префрлив на периодично постење и се чувствувам поздраво“– напиша на Твитер најбогатиот човек на светот.

Одлуката на Маск се должи на фактот што неговата физичка форма неодамна беше исмејувана на социјалните мрежи. Тогаш вирални станаа фотографиите на сопственикот на Tesla и SpaceX со голо торзо, направени на јахта, за кои и самиот признава дека е во катастрофална (телесна) состојба.


Но, се случи и (не)очекуваното.

По изјавата на Маск дека ослабел 9 килограми, пристигнуваат мемиња за мајтап на негова сметка.

„До следното лето ќе биде со плочки“, напиша еден корисник.

Во коментарите, претплатниците на Маск претпоставуваа и како би изгледал милијардерот наскоро.

„Изгледа дека ваков ќе бидеш наскоро“. 

Инаку, наизменичното постење – диетата на која се придржува Маск – се нарекува и холивудска диета, бидејќи меѓу познатите има многу обожаватели на оваа диета. На пример, Џенифер Анистон, Хали Бери, Кортни Кардашијан, Скарлет Јохансон и други прибегнуваат кон овој метод за одржување на формата.

Принципот на периодично постење е да се избегне храна одреден број часови дневно. Соодносот 16/8 е популарен: за 16 часа (вклучувајќи ноќен одмор) постење односно гладување, а во преостанатите 8 часа можете да јадете каква било храна во рамките на калориската норма.

 

Слични објави

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Ѓани е итно опериран, вградени му се пет стентови: „Резултатите не беа добри“

Еспресо

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо
Се вчитува....