4.8 C
Скопје
21:34 - 11 март, 2026

(Фото) „Љубовницата на Видоје не ѝ до коленици на Николина Пишек“: Ова е жената со која Ристовиќ наводно имал романса

Помина нешто повеќе од една година откако почина познатиот српски историчар на уметност и сопруг на хрватската водителка Николина Пишек, Видоје Ристовиќ. Многу се пишуваше за кобната ноќ во која тој го загуби животот, а во последно време медиумите во регионот „брујат“ дека токму таа вечер тој се напил чашка вотка и починал покрај неговата љубовница.

На Николина ѝ требаа тринаесет месеци за да прозборува за се што се случило од моментот кога дознала дека нејзиниот сопруг починал:

-Ми се јави мајка му, беше во раните утрински часови, случајно не спиев, не знам зошто… ,таа рече: „Видоје почина“, а јас ѝ реков: „Добро ли си?“ Што се случува Марија?’ Едноставно не можев да ја обработам веста… – изјави неодамна водителката во поткастот на колешката Татјана Јуриќ во „Скип ор бип“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Минатата година медиумите пишуваа дека Видоје починал во тек на масажа, а уште тогаш се „шушкаше“ дека масерката која била покрај него е негова љубовница.

Овие написи, дури сега, делумно ги потврди и Пишек.

„Била присутна една жена во приватен стан, јас веќе не знам ни како таа се вика, не ми е важно, но таа личност призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор се тоа го формулираше како масажа…Многу е чудно. Медицинските наоди потврдија дека умрел од застој на срцето – рече неодамна Николина и додаде:

„Па горе -долу, се што е напишано е вистина“.

На прашањето на водителката дали биле верни еден на друг, таа потврдно одговорила, но во своје име.

„Па, јас му бев“.

Љубовницата на Видоје Ристовиќ никогаш не им објасни на медиумите за се што се случило кобната ноќ.

Сега, пак, на Инстаграм „кружи“ фотографија од извесна жена Д.Б., русокоса, за која се верува дека е последната личност со која Видоје ја поминал вечерта, а според многумина жената е целосна спротивност на Николина.

И фановите на водителката веќе се огласија секако со негативни коментари, фалејќи ја убавината на водителката.

„Женава не ѝ е ни до коленици на Николина“, гласи еден од бројните подбивни коментари.

 

 

Слични објави

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо
Се вчитува....