13:19 - 6 април, 2026

(Фото) Лејла Филиповиќ со емотивна објава му го честиташе 18. роденден на синот и откри интересен детал за неговото име

Поранешната Мис на Хрватска и модна икона Лејла Филиповиќ ги разнежи своите следбеници на социјалните мрежи со објава посветена на 18. роденден на својот помлад син Арман. Таа сподели семејна фотографија на која позира заедно со сопругот Тарик Филиповиќ и славеникот, придружена со искрена порака исполнета со мајчинска љубов и гордост.

Во описот на објавата, Лејла откри и интересен детал поврзан со изборот на името на синот. Таа напиша дека првично имале избрано име за девојче, но плановите се промениле, по што го објасни значењето на името Арман, кое на различни јазици симболизира идеал, цел, желба и сон.

„Ти си нашата желба и остварен сон“, порача таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

Со многу емоции, Лејла му упати и желби за иднината, испраќајќи го синот во светот на возрасните со пораки за здравје, љубов, среќа и зачувување на насмевката, нагласувајќи дека секогаш ќе биде нивна гордост. Објавата за кратко време доби бројни реакции, а следеа и честитки од пријатели и следбеници кои истакнаа дека времето брзо поминало и дека сè уште го паметат Арман како дете.

 

Слични објави

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо
Се вчитува....