18.8 C
Скопје
16:01 - 15 март, 2026

(Фото) Кралицата на убавината Шерика Де Армас почина на 26 години: По тешка битка со рак на грлото на матката 

Шерика Де Армас, која ја освои круната за кралица на убавината на Уругвај и ја претставуваше својата земја на Мис на светот 2015 година, почина на 26-годишна возраст по тешка битка со ракот на грлото на матката, пренесува Дејли Мејл.

Според актуелната мис на Уругвај, Карла Ромеро, Шерика била „една од најубавите жени на земјата“ која некогаш ја запознала.

„Летај високо сестро. Секогаш и засекогаш“, напиша братот на починатата убавица, Мајк Де Армас.

фејсбук

На изборот за Мис на светот 2015 година, кој се одржа во Кина, Де Армас беше единствената натпреварувачка која имаше само 18 години. Иако не влезе во првите 30 на натпреварот, таа беше наречена „една од новите таленти на Уругвај“ поради нејзиното „прекрасно лице, висок раст и харизматична личност“.

Де Армас често велеше дека отсекогаш сакала да биде во модната индустрија: или како манекенка, или како модел за рекламирање на прозиводи.

„Сакам се што е поврзано со модата и мислам дека како дел од изборот за убавина, сон на секоја девојка е да добие можност да учествува на Мис на светот. Многу ми е драго што можам да го доживеам ова искуство, кое е полно со предизвици “, рече убавицата.

Шерика не беше само убава, туку и љубезна и добродушна. Таа посвети многу време на работата за фондацијата Перез Скремини, која помага во борбата против ракот кај децата.

Девојката во последните две години се лекуваше и самата од рак. Ракот на грлото на матката најчесто се дијагностицира кај жени на возраст меѓу 35 и 45 години, иако повеќе од 20 проценти од дијагнозите се јавуваат по 65-тата година од животот.

Кога ракот на грлото на матката е рано дијагностициран, стапката на преживување за пет години е 91 процент, според Националниот институт за рак. Откако ракот ќе се прошири на блиските ткива и органи, оваа бројка паѓа на 60 проценти.

Шерика стана втората Мис на Уругвај која почина млада. Добитничката на титулата „Мис Уругвај 2006“ Фатими Давила беше пронајдена мртва во хотел во главниот град на Мексико, Мексико Сити во 2019 година.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....