9.8 C
Скопје
21:05 - 23 март, 2026

(Фото) „Колку е вредна оваа слика…“: Васил Гарванлиев го прослави католичкиот Божиќ со сопругот Џејсон во Чикаго

Васил Гарванлиев, кој веќе неколку години живее во Чикаго, го одбележа католичкиот Божиќ во топла, семејна атмосфера, заедно со сопругот Џејсон и нивните миленици.

Пејачот на социјалните мрежи сподели низа фотографии од нивниот дом, уреден во вистински празничен стил. Посебно внимание привлекоа двете новогодишни елки – едната сместена во дневната соба, украсена со впечатливи црвени машни, додека другата е во посмирена, елегантна палета, со бели и неколку црни лампиони.

На фотографиите, Васил и Џејсон позираат во исти зелени пижами, а дел од празничната идилична сцена се и нивните миленици – две кучиња и една мачка, кои, исто така, „позираат“ пред камерата.

Фото: Инстаграм/Васил Гарванлиев

Во описот на објавата, Гарванлиев напиша и емотивна порака до своите следбеници, истакнувајќи ја благодарноста за поддршката и љубовта што ја добиваат.

„Немам зборови… колку е вредна оваа слика и колку сме благодарни на секој еден од вас што е дел од нашите животи. Ви посакуваме прекрасна празнична сезона“, напиша Васил.

Фото: Инстаграм/Васил Гарванлиев

Слични објави

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.

Дара Бубамара првпат нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Откриено кој ќе ја замени 

Еспресо

Зошто Азис му го сврте грбот на својот „творец“ Бони?

E.A.

(Видео) Хаусер свиреше руска песна на Инстаграм, па му ги откажаа сите концерти во балтичките земји

Еспресо

Верица Ракочевиќ денес полни 78 години! Сопругот Вељко ѝ честиташе јавно: „Уште долго пркоси му на времето“

Еспресо
Се вчитува....