10:29 - 13 ноември, 2026

(Фото) Која е убавата Мексиканка на која Лука Модриќ ѝ го подари дресот: „Лично не го познавам Лука, но тој знае која сум јас“

Хрватскиот капитен Лука Модриќ дополнително ќе го збогати своето фудбалско наследство по тековното Светско првенство, но додека другите љубители на фудбалот ќе ги паметат неговите вештини од овој Мундијал, мексиканската тиктокерка засекогаш ќе го памети неговиот џентлменски гест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valeria Cuellar ✨ (@valcuellarss)

Лука и таа се протагонисти на приказна која стана вирална на социјалните мрежи. Младата фотографка и инфлуенсерка Валерија Куелар на своите профили открила убав подарок што го добила од Модриќ, а кој ги изненадил сите присутни во прес-салата.

Најпрво таа појасни дека не го познава лично Лука, но дека тој знае која е таа бидејќи често се фотографира на „Сантијаго Бернабеу“, каде хрватскиот капитен заработува во дресот на Реал Мадрид. Младата Мексиканка работи како волонтерка на ФИФА во Катар, а дел од нејзината работа на Светското првенство е да се погрижи фоторепортерите во близина на теренот да не ја преминат границата што не им е дозволено.

Во оваа улога таа беше на мечот меѓу Хрватска и Белгија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valeria Cuellar ✨ (@valcuellarss)

Валерија долго време го молела Модриќ за дрес на Реал Мадрид, особено сакала од Лигата на шампионите, а кога дознала дека ќе работи на мечот со Белгија, му испратила порака на Лука да му посака среќа и напишала дека ќе биде на стадионот, ако има можност да се запознаат.

„Навистина не го очекував ова, мислев дека Лука ќе биде несреќен бидејќи речиси беа елиминирани од Белгија, а ние не успеавме да се сретнеме на теренот. Не мислев дека ќе го добијам дресот, но кога ме виде на прес-конференцијата, го соблече дресот и ми го даде“, објасни таа.

„Ти благодарам за поддршката“, ѝ рекол Лука пред збунетите претставници на медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valeria Cuellar ✨ (@valcuellarss)

Убавата Мексиканка го прашала својот шеф од ФИФА дали може да го земе дресот бидејќи на Светското првенство била волонтер, а не навивачка, но тој ѝ дал зелено светло бидејќи тој момент не и пречел на обврските во Катар.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....