04:25 - 20 декември, 2025

(Фото) Која е убавата Ана Паула Вале, новата љубов на Лени Кравиц: Моделка талентирана за музика и глума која сака постари и славни мажи

Славниот музичар Лени Кравиц (58) изгледа има нова љубов. Веста за излегувањето со моделката Ана Вале бргу го обиколи светот.

Но која е девојката?

Ана Паула Вале е модел со потекло од рајското место во Мексико, Пуерто Ваљарта. Има 26 години, а интернационално позната е уште од 17 годишна возраст благодарение на фотосесиите за познатите светски брендови. Денес важи за едно од најубавите лица меѓу моделите.

Висока е 1,77 метри, красела бројни наслони страници на најдобрите списанија: Ел, Вог, Мари Клер, Харперс Базар.

Била откриена на 15 години кога Фернандо Поил, агент и основач на Not Models во Гвадалахара, ја нашол преку Инстаграм. Нејзиниот орв анфажман бил за рекламна кампања на брендот Интермода и оттука почнува да се искачува на модните скалила.

Убавицата преку ноќ стекна светска слава и благодарение на врската со славниот мексикански музичар Алехандро Фернандез, во 2019 година. Врската предизвика голема врева во јавност, поради нивната разлика во годините, таа беше 25 години помлада од него. Првпат беа романтично снимени во Њујорк,а се запознале на снимањето на видео клипот „Caballero“, каде таа заедно со пејачот беше главниот лик на приказната на спотот.

Денес убавата Ана е ангажирана во неколку најдобри модни агенции ширум светот и често е дел од големи рекламни кампањи, а самата своевремено кажа дека има амбиции да стане глумица. Што е тоа што ја поврзува со музичарите? Страста кон музиката. И самата свири гитара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

Но самошто стивнаа гласините за Фернандез, и за малку убавицата стана заборавена од јавноста барем што се однесува на нејзиниот љубовен живот, деновиве се прочу веста дека таа е во романса со друг славен музичар и тоа – повторно – многу постар од неа. Имено, станува збор за музичката ѕвезда Лени Кравиц (58) со кого манекенката е видена и отографирана како разменува нежности во Лос Анџелес.

Покрај убавите жени со кои Кравиц беше во врска во последниве години, јавноста го памти по тајната свршувачка со актерката Никол Кидман (55). Инаку, пет години беше во брак со Лиза Бонет (55) од која се разведе и со која ја има познатата ќерка – пејачка и глумица- Зои Кравиц (34).

Во продолжение погледнете ги фотографиите на новата љубов на Лени Кравиц, Ана, која навистина има исклучителна убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula (@anapauvalle)

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....