19:32 - 5 април, 2026

(Фото) Која е љубовницата на Душко Тошиќ? Сопругот на Јелена Карлеуша е во врска со млада пејачка

Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ (38) е во врска со пејачката Ина Гардијан, дознава српски „Информер“.

Како што дознава порталот, фудбалерот и сè уште законски сопруг на српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша е во врска со седум години помладата пејачка Катарина Ина Гардијан, а во последно време нивната романса преминала на повисоко ниво, па дури размислуваат и да застанат на „лудиот камен“.


Според приказната на изворот на „Информер“, парот претходно не се ни криел, па биле видени и како разменуваат нежности на сплав во Белград, на приватна забава.

– Катарина таа вечер пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По извесно време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – вели изворот, па додава:

– Нивната врска е сериозна, сè што го спречува Тошиќ да ја запроси Катарина е тоа што Карлеуша не му дава развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – завршува изворот за „Информер“.

Катарина Ина Гардијан е српска поп-фолк пејачка која стекна популарност со учеството на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“.

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....