5.8 C
Скопје
04:36 - 30 април, 2024

(Фото) Кој е позгоден? Кумот или поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ

Славата си носи и неволји, во случајот на српската глумица Анѓелка Прпиќ, кај нас позната преку хит телевизиската серија „Андрија и Анѓелка“ е тоа што во последно време фановите, но и медиумите, не ја оставаат на мир сакајќи што повеќе детали да дознаат за нејзината нова врска, за минатиот брак и за наводната бременост.

инстаграм

Со оглед на тоа што оваа убава актерка, која бележи големи успеси во кариерата, досега не била дел од скандал, фактот што ја поврзуваат со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, и кум, ги шокираше сите.

Станува збор за извесен Марко, а судејќи по видеото од свадбата на Анѓелка и Дарио (нејзиниот поранешен сопруг) , господинот со кој сега се забавува актерката (која е наводно бремена од Марко) бил и еден од најсреќните гости.

принтскрин папарацо лов

Дарио и Анѓелка ставија точка на својата љубов во 2020 година, кога следуваше и разводот. Од тој момент многу малку се знаеше за приватниот живот на актерката, се до веста за нејзината романса со Марко.

Двајцата, како што вели добро упатен извор за српски Блиц, среќната вест им ја соопштиле на своите најблиски, но сепак сакале да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста.

„Среќната вест им ја соопштија на пријателите и семејството и не кријат дека се лудо вљубени. Но мислеа дека ќе остане само во кругот на најблиските. Колку (Марко) ја сака, најдобро говори тоа што ја остави долгогодишната партнерка заради актерката. Оваа приказна Анѓелка не ја криела ниту од своите најблиски роднини, но се трудела да не ја објави во јавноста“, изјавил за Блиц добро упатен извор.

Инстаграм

Од друга страна пак, за српски Курир зборуваше многу блиско лице на Дарио, кое истакна дека од него кријат се, и дека не може да поверува што се случува.

„Дарио немаше поим дека Анѓелка ќе влезе во врска со човек со кој беа најдобри пријатели со години. Марко со години доаѓа кај нив дома. Не можел ни да помисли дека освен пријателство, може да има нешто повеќе со поранешната сопруга Анѓелка“, пренесува Курир.

Дарио Прпиќ првично се осврна на целата оваа ситуација со само една реченица: „Слушнав, но навистина не сакам да коментирам“, а потоа се пошегува:

„Им посакувам многу среќа, ако се венчаат можам да им бидам кум! Дури и ако Марко сака да го земе моето презимето, немам ништо против“, изјави Дарио за Курир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Кој е позгоден, Марко или Дарио?

(Фото) Еве како Анѓелка Прпиќ изгледала пред да стане позната: Израснала во село под шатор, постојано играла оро

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....