18.1 C
Скопје
06:02 - 7 јуни, 2026

(Фото) Еве како Анѓелка Прпиќ изгледала пред да стане позната: Израснала во село под шатор, постојано играла оро

Една од најшармантните актерки, Анѓелка Прпиќ, изминативе неколку дена е постојано присутна во медиумите со веста за нејзината наводна бременост.

Веста не би била толку интересна доколку актерката не забременила со поранешниот најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, односно нивниот венчален кум.

Анѓелка во моментов е на врвот на популарноста, па не е за чудење што нејзиниот приватен живот привлекува големо внимание.

Анѓелка на пошироката јавност ѝ стана позната кога првпат застана пред камерите, но во улога на водителка. За реалното шоу „48 часа свадба“, како што тогаш откри, немала поддршка од колегите.

– Ја правев емисијата „48 часа свадби“, и тоа го правев едно лето. Сите мои колеги кои ме советуваа и ми посакуваа добро, беа против тоа емисијата. Ми рекоа да не прифаќам, во однос на тоа што ќе ми е тој „треш“. Сепак, јас сум од Пожаревац, односно од село околу Пожаревац, сега сите се во Виена, како што беше вообичаено на нашите простори. Мене тој наш менталитет ми е во ДНК, начинот на кој славиме свадби, обичаи, музика под шатор, играње ора. Не би имала каде на друго место да ги покажам ората, а знам да ги играм, изјави своевремено Анѓелка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

– На тие свадби на кои бев како мала, бидејќи практично пораснав под шатор, сите мои фотографии од детството со мама и тато ми се под шаторот. Секогаш ги прашував: „Дали ме однесовте на некое друго место, за што се работи?“. И татко ми ме однесе на Маракана, тоа се дел од спомените што влечам, да не кажам трауми, раскажа своевремено Анѓелка на својот препознатлив шеговит начин во емисијата „Амиџи шоу“.

принтскрин

Кога ќе погледнете како Анѓелка изгледала во периодот додека ја снимала реалити емисијата, очегледно е дека не се променила многу и дека годините за неа се само бројка.

Слични објави

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.
Се вчитува....