18:49 - 2 април, 2026

(Фото) Клара Чиа и Пике „уловени“ како купуваат тест за бременост, девојката е трудна – пренесуваат шпанските медиуми: Како ќе одговори сега Шакира?

На социјалните мрежи се подгреваат гласините дека Клара Чиа Марти е бремена. Прв веста ја пренесе шпанскиот таблоид Телечинко.

Дека новата љубов на фудбалерот Жерар Пике, 23-годишната Клара Чиа можеби е бремена, почна да се зборува откако папараците ја забележале двојката во аптека каде купиле тест за бременост.

Според Телечинко, по посетата на аптеката, Пике и неговата девојка шетале низ трговскиот центар и купувале во продавницата за видео игри, како и во продавницата за за козметика.

Љубовниците ги игнорираат гласините за можно придодавање во семејството.

Жерар Пике пред неколку дена на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со својата нова девојка со која ја изневеруваше Шакира.

инстаграм

Колумбиската пејачка одговори на селфито на бившиот објавувајќи видео на кое танцува на нејзиниот нов хит.

„Жените повеќе не плачат, жените танцуваат меренга“, напиша Шакира на постот со видеото.

Потоа, пред два дена, следуваше фотографија постирана од смата Клара, како провокација за Шакира, на која позира во кревет со Пике.

твитер

Во јуни 2022 година, Шакира и Жерар Пике раскинаа по 11 години врска. Причина за јазот беше неверството на фудбалер со студентката и моделка Клара Чиа Марти. Во својата нова песна, Шакира рече дека „вреди за две 22-годишнички“ и му посака на Жерар Пике, кој „го смени Ферарито за Рено Твинго и Ролексот за Касио“, отсега да тренира не само мускули, туку и мозок.

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....