8.8 C
Скопје
11:01 - 1 април, 2026

(Фото) Кевин Костнер ѝ плати на поранешната сопруга еден милион долари, но тоа не е доволно, ќе треба да плаќа секој месец

На почетокот на мај сопругата на познатиот холивудски актер и миленик на жените Кевин Костнер, модната дизајнерка Кристин Баумгартнер, поднесе барање за развод по 18 години брак, во кој имаа три деца. Сега се дозна колку бара алиментација.

Според странските медиуми, разводот наводно дошол поради непомирливи разлики, а Кристин Баумгартнер побарала заедничко старателство над нивните деца, 15-годишниот Кејден, 14-годишниот Хејс и 12-годишната Грејс.

Според тужбата, која беше поднесена на 16 јуни, покажуваат дека Кристин Баумгартнер бара од оскаровецот да плаќа 248.000 долари месечно. Исто така, бара Костнер да продолжи да ги покрива трошоците за здравствено осигурување, школарина во приватно училиште и воннаставни активности.

Судските документи тврдат дека таа бројка е „помалку од потребната сума за поддршка на децата во нивниот нормален животен стил“.

Кристин во документите тврди и дека нема приходи и дека е домаќинка од раѓањето на Кејден во 2007 година. Во судските документи кои претходно ги поднеле адвокатите на Костнер, тој рекол дека според нивниот предбрачен договор, Кристин имала 30 дена по поднесувањето на барањето за развод да го напушти домот што го делат, а кој Костнер го поседува и се проценува на 145 милиони долари.

Документите покажуваат и дека Костнер веќе и платил 1 милион долари, како што е предвидено во предбрачниот договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Closer Weekly (@closerweekly)

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....