-1.2 C
Скопје
05:00 - 11 март, 2026

(Фото) Канје Вест и Бјанка ги разлутија Италијанците: Вакви модни испади се недозволени во католичка земја

46-годишниот американски рапер Канје Вест и неговата 28-годишна сопруга Бјанка Ценсори се уште се во Италија. И покрај критиките од локалните жители за модните избори на двојката, тие не престануваат да се облекуваат екстравагантно или поскромно, за што зборува и нивното последно појавување на улица во Фиренца, пишува Дејли Мејл.

Бјанка се појави во тесна и проѕирна модна комбинација – комплет во речиси месо боја: тесни хеланки и топ со ракави. Градите исфрлени на „ачик“ и долната облека која не е проѕирна, но сепак, од далеку Ценсори делуваше како да е целосно гола. Изгледот го надополни со бели чевли со закосени потпетици. Овојпат наместо руса коса, Бјанка беше со костенова нијанса, а на нејзините усни се „разлеваше“ зачаден кармин.

Што се однесува до Канје, и покрај топлината од 35 степени, тој облече широка црна јакна и панталони. Вест го сокри своето лице обвиткувајќи нешто налик на маица или тенок џемпер околу главата. Наместо чевли, тој облече пар црни чорапи.

принтскрин тикток

Италијанците се гневни на ваквото однесување на двојката, потенцирајќи дека Италија е католичка земја.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....