7.8 C
Скопје
05:44 - 24 април, 2024

(Фото) Како се менуваше стилот на Камила Паркер-Боулс: Од богата „домаќинка“ до кралица

Ја разгледуваме еволуцијата на изгледот и стилот на сопругата на британскиот крал Чарлс Трети: од „богата домаќинка“ до елегантната кралица.

Во нејзините неколку децении како дел од Британското кралско семејство, сегашната кралица Консорт Камила значително го промени својот стил. Да се потсетиме на трансформациите, на што точно и како работеле кралските стилисти и креаторите на имиџ.

Од природни локни до елегантна фризура

Камила првпат се појави во јавноста кон крајот на 60-тите и раните 70-ти години, кога се појавија гласините за нејзината можна романса со принцот Чарлс. Во тоа време, косата на идната кралица беше природна и не толку средена, разбранувана и со прамени „расфрлени“ на сите страни.
„Чарлс отсекогаш ги сакал природните прамени на Камила. Кога првпат се сретнале, нејзината коса била разбушавена, несредена и разнесена од ветрот“, изјави своевремено кралската биографка Ингрид Севард, цитирана од Дејли Меил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estilo (@abc_estilo)

Фризурата на Камила почна да се менува дури во 2000-тите, кога таа сè почесто се вклучуваше во кралските настани. Пред нејзината венчавка со Чарлс во 2005 година, идната кралица ја промени бојата на косата, трансформирајќи ја во „постудена“ нијанса, малку ја промени фризурата и почна редовно да ја стилизира.

„Камила е голема обожавателка на стилот на фризури од 1970-те и никогаш не отстапи од тој стил. Сепак, направи очигледни промени со текот на времето и сега е препознатлива по уредната женствена боб фризура“, објасни стилистот Том Смит за „Меил онлајн“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by O’Nene (@stylishnene01)

Обновување на гардеробата

Како и нејзината фризура, така и гардеробата на Камила претрпе трансформација, можеби дури и многу позабележителна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royalfamilyglobal)

Кога првпат се појави во медиумите, нејзиниот стил повеќе наликуваше на богата рурална домаќинка: фармерки, широки џемпери, удобни јакни. Но откога стана сопруга на наследникот на британскиот трон, Камила мораше да ја ревидира целата гардероба. Опуштената облека беше комплетно заменета со совршено скроени фустани по мерка и класични, но елегантни палта, кои ја истакнуваат фигурата на кралицата. Но сепак, кога е настрана од службените должности, Камила сè уште си дозволува релаксиран изглед, носејќи ги своите омилени едноставни џемпери, сомотски панталони и фармерки.

Меѓутоа, ако приликата сепак подразбира фустан, Камила не се плаши да блесне – за свечени приеми таа избира луксузни вечерни фустани со макси должина и длабоки нијанси: од смарагдна до бордо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Импресивен накит

Од бракот со Чарлс, Камила има импресивна колекција накит. Се вели дека дијадемите, брошевите, ѓерданите и обетките вредат повеќе од милион фунти. Меѓу целиот гламурен накит, посебно место зазема колекцијата бисерни ѓердани кои ѝ се посебна слабост и редовно ги носи. Се разбира, и бисерните ѓердани се дополнително украсени со скапоцени и полускапоцени камења.

Гласините велат дека некои од нејините омилени ѓердани ѝ припаѓале на прабабата на Камила, Алис Кепел, последната и најпозната љубовница на кралот Едвард VII.

Интересно е што неколку пати Камила е фотографирана со еден исклучителен брош, скапоцено парче накит. Станува збор за брош што принцезата Александра од Данска го добила како свадбен подарок во далечната 1863 година, кога се омажила за тогашниот принц, а подоцна и крал Едвард VII. Истиот брош, подарен од кралицата Елизабета Втора на принцезата Дијана, Дијана го носела во 1986 година за време на официјалната посета на Виена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sussexguncel (@sussexguncel)

Токму поради овој брош, обожавателите на покојната принцеза беа лути поради одлуката накитот на Дијана да ѝ се предаде на Камила, која им го „растурила бракот на Дијана и Чарлс“. Некои од обожавателите на покојната принцеза отидоа и чекор подалеку со критиките – дека носењето накит на Дијана е неуспешен обид на сопругата на Чарлс барем малку да личи на најомилената принцеза досега.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....