Како од бајка е домот на Маја Гроздановска-Панчева и Дарко Панчев, кој познатата пејачка го покажа на Инстаграм.
Маја објави фотографија од најубавото катче во домот на Панчеви, а тоа е големата новогодишна елка украсена со златни лампиони и ситните украси околу неа. На фотографијата, Маја ги означила двете ќерки, Надица и Марија.

Инаку, Надица Панчева, ќерката на Маја и на Дарко Панчеви е вистинска убавица, исто како и нејзината сестра Марија. И двете ја наследиле грациозноста на мајка им.
Маја и Дарко Панчеви се запознале пред речиси 30 години и велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се горди родители на две ќерки.
„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, ни раскажа Маја Панчева, поп-пејачка и хористка во Националната опера и балет за својот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев.
