8.8 C
Скопје
21:18 - 16 март, 2026

(Фото) Каја Остојиќ го замени градот со планина: Од 18-ти кат во луксузна куќа среде природа

Пејачката Каја Остојиќ е една од многуте јавни личности кои решија градскиот метеж да го заменат со мирот на природата. Уште пред две години таа откри дека купила плац на Космај, каде денес создаде своја лична оаза, далеку од гужвите и секојдневниот стрес.

Иако претходно живееше во убав стан на 18. кат, Каја сега најголемиот дел од времето го поминува во луксузна викенд-куќа опкружена со зеленило.

Според пишувањата на српските медиуми, оваа недвижнина чинела околу 80.000 евра, а пејачката признава дека животот надвор од градот носи и повеќе обврски.

– Веќе се преселив и го заменив градот со природа. Како и да е, викенд-куќа или семејна куќа, секогаш има работа и обврски околу домаќинството – изјави Каја во разговор за емисијата „Ексклузив“.

Таа претходно откри и дека на Космај гради вистински мал рај. Пред почетокот на работите раскажа како замислува да изгледа целиот простор.

– Ги завршувам работите на Космај и после тоа ќе дојде онаа позната реченица: „Кој жив, кој мртов“. Правам куќа наменета за одмор. Ќе има базен, плацот е голем. Планирам и спортски терен, ако финансиски можам да си го дозволам тоа. Така би имала и забава и тренинг во исто време. Сите мора да прифатиме дека цените се огромни насекаде. Јас воопшто не сум штедлив тип – немам ни касичка за ситни пари. Пари ми одат постојано: инвестирам во куќата, во песни, спотови… Со ова темпо не можам ништо да заштедам. Плус, имам ќерка која студира во Америка – не би му посакала на никого да биде на мое место – искрено раскажа Каја.

Слични објави

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо
Се вчитува....