Водителката Јована Јеремиќ пред неколку дена се врати од Виена, каде што беше поради боксерскиот меч на нејзиниот партнер Милош Стојановиќ Тигар.
Но, по враќањето во својот стан во Дорчол, ја дочека неочекувана сцена.
Имено, пред самата врата од нејзиниот стан се појавил гулаб кој влегол во зградата и слетал токму на влезот пред нејзиниот стан.

Јована веднаш го снимила моментот и го споделила на социјалните мрежи, каде видеото брзо стана хит.
„Хит на хитовите, љубов пред мојата врата“, напиша таа во описот.
Инаку, нејзиниот партнер неодамна забележа значаен успех во Виена, остварувајќи ја својата десетта професионална победа, откако го нокаутираше противникот од Грузија уште во втората рунда.
По победата, Јована јавно му изјави љубов со кратка порака: „Љубов моја, те сакам“.
