Јелена Розга во повеќе наврати привлекува внимание со впечатливите фустани и комбинации што ги избира за настапи, а интересно е што е „верна“ на еден модел штикли кои ги поседува во неколку бои.
Станува збор за модел од брендот Jimmy Choo, поточно Азиа, кои ги носеше на концертот за Денот на вљубените оваа година во Жмињ во Истра, како и на отворањето на фестивалот „Летна лудост“ минатата година во Сараево.
Сандалите Азиа се препознатливи по елегантна силуета со два ремчиња што го обвиваат стапалото. Изработени се од сјајна лакирана кожа, а петата од 95 милиметри е усогласена со елегантен квадратен врв.

Овој модел чини околу 750 евра и е достапен во различни бои – од неутрални како бела, црна, кафеава и беж, до металик нијанси и пастелно зелена.

Кога станува збор за модните избори на Розга, таа претходно привлече внимание и со „влажниот“ фустан од брендот Кета Гутмане.
Фустанот го носеше во повеќе наврати и во различни бои, а своевремено откри и од кого добила инспирација за овој стил.
„Морам да ви ја раскажам приказната за овие прекрасни фустани за кои многумина ме прашуваат… Личноста на која најмногу треба да ѝ се заблагодарам е Кајли Миног. Видов сличен модел на неа, но не беше наведено кој е дизајнерот… Барав и успеав да откријам дека станува збор за Кета Гутмане. Благодарам, Кајли“, изјави Розга.
