6.8 C
Скопје
07:13 - 23 март, 2026

(Фото) Јас сум човек кој трпи и молчи: Димитар Андоновски раскажа кој го разочарал

Голема животна промена му се случи на пејачот Димитар Андоновски, за која тој ги извести своите следбеници на Фејсбук. Пејачот од Битола си ја отвори душата во новата објава.

– Денеска, после долго одложување и барање оправдувања, конечно донесов одлука – целосно да го сменам мојот начин на живот.
Ова не значи дека нема да уживам во животот, туку дека прво ќе се фокусирам на себе: на мојата фигура, моето физичко и психичко здравје, и на тоа да се исчистам од сите токсини и нездрави навики. Но, тука не застанувам.
Почнувам да се чистам и од токсични, неблагодарни и лажни луѓе околу мене – од оние што мислат дека ако молчам значи дека сум наивен или дека не ги гледам нивните намери. За среќа, луѓе имам насекаде па муабетите пристигнуваат, вистината секогаш излегува на површина.
Јас сум човек кој трпи, молчи и дава шанса… но кога ќе се прелие чашата, разочарувањето е длабоко – и тогаш нема враќање назад. На сите ви посакувам убав ден.
А на оние што полека ќе ги тргнам од мојот живот – знајте дека е затоа што не ја заслужувате ниту мојата почит, ниту моето присуство и пријателство. Да ми сте здрави и живи сите – напиша пејачот, кој е во среќен брак со убавата Христина и имаат два сина.

 

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....