6.8 C
Скопје
18:34 - 28 март, 2026

(Фото) Ја засени и блескавата елка со голите гради: Кајли Џенер со секси празнична фотосесија

кајли џенер

Ако некој оваа година се потрудил да ја засени елката, тоа е старлетата и милијардека Кајли Џенер. А и не ѝ требало многу. Доволно било да застане пред блескавите светилки во црвено кожено палто и да ги истакне бујните гради. Лампиони на елката? Нема. Но, кој би ги забележал, реално, покрај Кајли.

Кајли Џенер/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кога станува збор за новогодишните стајлинзи, многу дами избираат гламурозни креации – но не и младата претприемачка Кајли Џенер.

Позната по своето бујно деколте и облини, ријалити ѕвездата и младата претприемачка Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста.

Кајли неодамна беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес каде, според пишувањето на медиумите, требало да присуствува на приватна вечерна забава на брендот „Кром хартс“ (Chrome Hearts).

Кајли Џенер/Фото: Принтскрин/Инстаграм

За таа пригода, во согласност со празничната атмосфера што го „тресе“ светот, таа одлучила да облече црвено парче облека што „мириса“ на Нова година.

Станува збор за кожено палто што го комбинирала со темни фармерки. Може да се каже дека токму ова црвено парче облека предизвикало вистинска возбуда кај сите, бидејќи ги истакнало нејзините бујни гради и тенка половина.

Стајлингот го комплетирала со шминка во тонови на брендот за убавина „Кајли козметикс“, а косата ја стилизирала на наједноставен начин – се одлучила за меки бранови што паѓаат по рамената.

Кајли Џенер/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....