18:32 - 6 април, 2026

(Фото) Извајани мускули и исончано тело: Саша Ковачевиќ се пофали со фотографии од одморот во Тајланд

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ моментално ужива на одмор во Тајланд заедно со својата свршеница Зорана Тасовац. Двојката сподели фотографии на социјалните мрежи, на кои во преден план се нивните затегнати и извежбани тела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Ковачевиќ на фотографиите позира без маица, истакнувајќи ги извајаните стомачни мускули, а на дел од кадрите се појавува и неговата свршеница. Со нив на одморот е и ќерката на Зорана, Искра, со која пејачот има близок и емотивен однос.

Саша и Зорана се во врска од 2017 година, а се свршија во октомври минатата година. Пејачот и претходно јавно зборуваше за својот однос со Искра, истакнувајќи дека ја доживува како свое дете, иако не е нејзин биолошки татко.

Фотографиите од одморот прикажуваат идилични семејни моменти – од песочни плажи до дружење и хранење слонови, што дополнително привлече внимание кај јавноста.

Кога станува збор за неговиот физички изглед, Ковачевиќ во повеќе наврати истакнал дека практикува строга рутина на вежбање и исхрана. Тој признал дека со месеци знае целосно да се откаже од слатки, а во исхраната главно вклучува риба, пилешко месо и бифтек, додека од пијалаци консумира вода, лимонада и бело вино.

Слични објави

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо
Се вчитува....