21.8 C
Скопје
17:38 - 5 април, 2026

(Фото) Изненадување: Џони Деп вчера настапи на концертот на Џеф Бек, публиката „спобудале“

Џони Деп направи изненадувачки гест – настапи на концертот на Џеф Бек во Англија!

Актерот излезе на сцената со својата гитара во неделата, два дена откако адвокатите ги изнесоа завршните зборови во неговиот судски процес за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Џони Деп се врати на своите музички корени во текот на викендот, два дена откако адвокатите ги изнесоа завршните зборови во неговото судење за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Според многубројните објави на социјалните мрежи и видеата споделени на интернет, актерот ги изненади обожавателите на концертот на Џеф Бек во неделата во Англија.

Деп излезе на сцената со својата гитара и засвири заедно со Бек на шоуто, кое се одржа во Шефилд, а ја претставија нивната соработка од 2020 година „Isolation“, римејк на песната на Џон Ленон од 1970 година. Отсвирија заедно уште неколку песни, „What’s Going On“ на Марвин Геј и „Little Wing“ на Џими Хендрикс.

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....