05:27 - 6 април, 2026

(Фото) Хумано дело на Слаткаристика, еве што направи раперот за да им помогне на луѓе што останаа без работа

Раперот Слаткаристика на дело докажа и покажа дека е добар и хуман човек. Тој, за да ѝ помогне на фабриката за слатки која изгоре од Виница, отиде во еден маркет, и ги купи сите можни слатки од таа фабрика.

„Дај ми се што имаш“, му рече Слаткар на вработениот од маркетот. Вработените од маркетот му ги спакуваа производите во пакети, а тој им рече дека сега треба да се направи нова нарачка.

Најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи остануваат на улица, откако до темел изгоре производствениот погон, магацините полни со роба и административниот дел од фабриката,.

„Животот понекогаш ни сервира горчливи мигови. Но токму тогаш треба да се потсетиме на слатките моменти што ни го исполнуваат срцето!“, напиша Слаткар.

Многумина го споделија ова видео, и му честитаа за хуманоста и за досетливоста.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....