6.8 C
Скопје
08:46 - 1 април, 2026

(Фото) Гвинет Палтроу сподели ретка фотографија со синот: Убав на мама, а копија на тато

Холивудската актерка и бизнисменка Гвинет Палтроу на својот Инстаграм профил објави фотографија со својот син Мозес.

Гвинет Палтроу сподели нова фотографија со нејзиниот син на неговиот 17-ти роденден. На фотографијата 50-годишната актерка позира без шминка, гушкајќи го својот син, кого го доби од врската со фронтменот на Coldplay, Крис Мартин.

„Честитки за 17. роденден на момчето кое ми ја исполнува душата секогаш кога ќе го погледнам. Мозес Мартин – ти си најисклучителната, најдрага, најдобрата личност. Сите нè смееш и не инспирираш со твојата хармонија. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш! Со љубов, мама“, се потпишала актерката на празничната објава.

Во коментарите, фановите на ѕвездата на „Одмаздници“ забележаа како 17-годишниот Мозес личи на својот татко.

„Неверојатно слично со Крис Мартин! Среќен роденден Мозес!“, „Кога ќе го погледнете Мозес, веднаш знаете кој му е татко“, „Вистинска копија на Крис Мартин“, напишаа корисниците во коментарите.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....