09:51 - 6 април, 2026

(Фото) Голема животна промена: Татјана Стојановска во досега невидено издание

Татјана Стојановска сме навикнати да ја гледаме во ТВ-студио, секогаш елегантно облечена, но во ова издание ретко може да се види нашата убава презентерка и водителка.

Тања реши да го смени животниот стил, па им се посвети на вежбањето и на здравите навики и објави фотографија од неа во теретана на својот инстаграм-профил. Таа неодамна искрено рече колку чини нејзиниот нов фустан, а раскажа и каков убав накит ѝ купил сопругот, Михаил Китановски.

Фото / Инстаграм

Гостувајќи во поткастот на Марио Арангеловски „Естраден лексикон“, таа одговори на неговото познато прашање: „Колку чини твојот аутфит?“

– Мојот аутфит е едноставен, ова е фустан што си го купив специјално за емисијава. Многу е евтин, имаше попуст. Имаше и црн, јас си реков ајде во оваа боја, и чинеше само 1.300 денари – рече Татјана.

– Тајната е во тоа да си едноставен, приземјен, близок до гледачот, кој во однесувањето со луѓето е пријатен, човечен, еден од нив. Доколку гледачот ја почувствува арогантноста, надменоста и недостапноста кај една јавна личност, таа личност сигурно нема да опстои долго на јавната сцена – рече таа во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....