6.8 C
Скопје
09:33 - 1 април, 2026

(Фото) Огромна промена кај Елена Ристеска, пејачката ги шокираше сите!

Елена Ристеска ја изненади јавноста со нејзината голема промена. Никој не можеше да поверува дека ова е навистина таа.

Ристеска од црнокоса стана русокоса, а новиот имиџ го промомориваше на концертот посветен на легендарниот композитор Кире Костов кој се одржа сношти во Националната опера и балет.

Елена ја пееше легендарната „Кога те нема“, а на фотографијата што ја објави нејзиниот колега Ламбе Алабаковски, се гледа дека ѝ годи промената на имиџот и убаво ѝ стои новата боја на коса.

На фотографијата со Елена и Ламбе се и Бојана Скендровски и Влатко Лозаноски кои, исто така, настапија на концертот заедно со уште многу пејачи: Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Биба Додева, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, Александар Тарабунов, Ана Петановска, Елена Васова и Сигија Маконами.

Фото/ Инстаграм

Елена Ристеска, без оглед дали пласира нова музика или на нејзините настапи публиката ги пее старите хитови, е секогаш актуелна во јавноста. Ако не е музиката, тогаш е нејзината козметичка линија, ако не е бизнисот, тогаш е приватниот живот.

– Не може да ме погоди нешто што е напишано или кажано за некој друг. Таа некоја Елена за која се коментираат невистини, не сум јас. Така и се справувам со вакви ситуации. Игнорантно.

Им препишувам на малограѓанштина. И на крајот, една вистина е најважна, а тоа е гревот на оној што кажува невистини за некој што не го познава. Би ме болело единствено ако тоа што се кажува за мене е вистина – рече Елена во едно претходно интервју за „Слобоен печат“.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....