03:33 - 3 април, 2026

(Фото) Ги засени сите: Брижит Макрон избра прекрасен фустан за кралскиот дочек во Стокхолм

Стокхолм синоќа беше полн со сјај и гламур – шведското кралско семејство приреди гала вечера за специјални гости. 46-годишниот француски претседател Емануел Макрон и неговата 70-годишна сопруга Брижит пристигнаа во Шведска во официјална посета.

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторник беше пречекан со фанфари на почетокот на дводневната државна посета на Шведска, за време на која се сретна со премиерот Улф Кристерсон и со монархот на оваа скандинавска земја, кралот Карл XVI Густаф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Monarchies (@royal.monarchies)

Кралот ги дочекал Макрон и неговата сопруга Брижит во дворот на кралскиот замок во центарот на Стокхолм, кој е официјална резиденција на шведското кралско семејство.

„Мојата посета првенствено е насочена кон обновување на нашето пријателство, нашето партнерство во Европската унија додека Шведска се подготвува да се приклучи на НАТО, нашата алијанса“, рече Макрон.

И како што е вообичаено за време на државните посети, кралот му приреди луксузен прием на францускиот претседател. На вечерата присуствуваа и престолонаследниците Викторија и принцот Даниел, како и принцот Карл Филип и принцезата Софија.

Принцезата Софија од Шведска носеше фустан во боја на шампањ со мрежести ракави. Престолонаследничката принцеза Викторија (46) носеше балски фустан со златни детали. Шведската кралица Силвија избра фустан во нијанса на аметист. А сите дами од кралското семејство носеа дијадеми.

Елегантна како и секогаш, Брижит Макрон (70) се одлучи за елегантен фустан во светло сина боја со светки околу јаката и половината. Таа избра блескави дијамантски обетки за да го комплетира својот изглед.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....