5.8 C
Скопје
06:54 - 1 април, 2026

(Фото) Ѓани го слави Арангел Михаел, покажа дел од славската трпеза

Радиша Трајковиќ Ѓани денеска го слави Арангел Михаел, а им честиташе на сите православни верници кои слават.

Општо е познато дека Радиша Трајковиќ Ѓани го слави Арангел Михаел, а во неговиот семеен дом трпезаза се подготвува претходниот ден.

Оваа година, пејачот им честиташе и на сите православни верници и објави фотографија од семејниот дом.

Ѓани покажа еден агол од семејниот дом каде што јасно може да се види дека сè е подготвено за славата. На славската трпеза кај Трајковиќ имаше богат славски колач и свеќа, како и елегантен есцајг кој бил специјално украсен.

На фотографијата напишал во свој стил:

– Среќна слава семејство!

Судејќи според фотографијата, пејачот годинава ќе го прослави Арангел Михаел скромно и во кругот на најблиското семејство.

Пејачот неодамна зборуваше за бракот со Слаѓа и откри колку му е важна сопругата.

– Ние никогаш не сме се ни скарале. Тоа е долгогодишна наша љубов од срце. Имаше кавги во бракот за глупави работи. Слаѓа и јас никогаш не сме се скарале, секогаш беше нешто околу децата, или некоја глупост. Никогаш не стануваше збор за тоа дека јас или таа предизвикуваме проблем. Па, на пример, не разговараме два, три часа – рекол тој и додал:

– Таа е глава на семејството. Таа ми е и лева и десна рака. Бог ми ја прати, не би помислил на друга. Таа не ми се меша во работата. Си ја гледа своја работа, никогаш не ме прашува ниту колку пари сум заработил, ниту каде одам. Секогаш ме прашува: „Љубов моја, дали е сè во ред?“. Повеќе се слушаме кога сум надвор отколку кога сум во Белград, таму не ѝ се јавувам по цел ден.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....