7.8 C
Скопје
10:36 - 1 април, 2026

(Фото) Фудбалската ѕвезда Дибала си ја донесе во Рим и својата убавица: Која е заносната Оријана Сабатини?

Заедно со аргентнинската фудбалска ѕвезда Пауло Дибала во Рим ќе пристигне и неговата девојка Оријана Сабатини. Додека ги чека лекарските прегледи и потписот, партнерката на новиот играч на Рома, веќе почна да го следи официјалниот профил на клубот на Инстаграм преку нејзиниот профил кој брои над 5,8 милиони следбеници.

Рим е на нозе во очекување на доаѓањето на аргентинската фудбалска ѕвезда Дибала кој привремено беше без работа откако го напушти Јувентус. Секој миг се очекува да потпише договор со ФК Рома. Но ѕвездата не доаѓа сама. Со него се сели и убавата Оријана, која всушност со него е преселна во Италија од 2018 година, а за првпат ќе живеат во главниот град.

Оријана, е аргентинска манекенка, актерка и пејачка. Љубовната приказна меѓу неа и Дбала започна во 2018 година, по Светското првенство во Русија.

Претходно, поранешниот играч на Јувентус неколку години беше во врска со инфлуенсерката Антонела Кавалиери. Оријана е многу позната во Аргентина, но во Италија е позната главно по врската со фудбалерот.

Сабатини е (уметничка) наследничка и ќерка на венецуелската актерка Кетрин Фулоп и аргентинскиот актер и претприемач Освалдо Сабатини. Поранешната тенисерка Габриела Сабатини е нејзина тетка. Оријана има помлада сестра, Тизијана.

Има 26 години, висока е 172 – со идеални пропорции. Од 13 годишна возраст е во светот на моделството, а од 2017 станува славна и како музичарка.

Од 2018 година, Оријана е многу лојална на Дибала: од љубов кон фудбалерот ја стави сопствената кариера во мирување и  се пресели во Италија. Сепак, Сабатини неодамна призна дека е бисексуалка.

Суперзгодната Аргентинка има бројни тетоважи на телото меѓу кои и една со порака „кармата сум јас“. Страствена е по бокс, готвење и книги.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....