13.8 C
Скопје
09:45 - 26 март, 2026

(Фото) Еве кој им ги чува децата на Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ додека се заглавени на Малдиви

Јутјуберите Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ сè уште се на Малдиви, откако поради воената ескалација на Блискиот Исток не успеаa да се вратат во Србија според планираното. Нивниот лет бил откажан, па двојката објави дека успеале да најдат алтернативно решение и дека за неколку дена би требало да пристигнат во Белград.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави фотографија од нивниот семеен дом која открива кој се грижи за нивните ќерки додека тие се далеку од дома.

Станува збор за мајката на Луна, пејачката Анабела Атијас, која ги чува внучињата. На фотографијата таа е прегрната со едно од девојчињата, а во описот на објавата напиша кратка и емотивна порака: „Те сакам“.

Од порано е познато дека ќерките на Луна многу сакаат кога ги чува нивната баба, па така и овој пат Анабела е таа што се грижи за нив додека родителите се на другата страна од светот.

Марко Миљковиќ се огласи од Малдиви и им се заблагодари на луѓето за грижата.

„Луѓе, ви благодарам што се грижите, но време е сите малку да здивнеме. Најдовме решение и за неколку дена се гледаме во Белград“, напиша тој, додавајќи дека пријател им помогнал да најдат нов лет.

Луна претходно се јави преку видеоповик и откри дека ситуацијата ја вознемирува, особено затоа што нивните деца се во Србија.

„Малку сум исплашена, бидејќи децата ми се во Србија и немам претстава кога ќе се вратиме дома. Не сакам да паничам, но ме вознемирува што сме толку далеку од дома. Следиме сè што се случува од минута во минута. Станува збор за војна, луѓе страдаат, деца ги губат животите и тоа навистина ме потресува. Ние моментално сме на безбедно место, но ситуацијата може да се промени“, изјави таа

Слични објави

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.
Се вчитува....