7.8 C
Скопје
22:04 - 31 март, 2026

(Фото) Еве како изгледал пијаниот Џастин Тимберлејк во полициска станица: „Испив само едно мартини“

Instagram

Џастин Тимберлејк беше уапсен во вторникот во Хемптонс поради возење под дејство на алкохол, а сега е објавена снимка од полициската станица која покажува каква била неговата состојба.

Тимберлејк пиел со пријателите во бар во пристаништето Саг, по што се качил во своето БМВ, удрил во знакот „стоп“ и излетал од својата лента.

Полицијата го запрела и го привела, а тој трипати одбил алкотест. Според полицискиот извештај, пејачот не можел „правилно да ги следи упатствата“ и бил нестабилен во одењето.

Очите му биле крвави и стаклени, а според кривичната пријава, пејачот три пати одбил алкотест и на полицајците им рекол дека испил „само едно мартини“.

Тимберлејк беше обвинет дека возел во пијана состојба, удрил во знакот „стоп“ и преминал на спротивната лента. Тој се изјасни за невин и беше ослободен без кауција, но му беше забрането да вози во државата Њујорк една година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....