7.8 C
Скопје
22:40 - 13 март, 2026

(Фото) Единствен зет во семејството Беквалац: Од трите сестри, само Драгана е во брак, и тоа со згоден и моќен маж 

Познатата пејачка Наташа Беквалац има три неуспешни брака зад себе, па често се шегува за својот љубовен живот, додека е познато дека има две сестри, за кои е многу приврзана.

Од трите, Драгана е единствената што е во брак, и тоа повеќе од три децении.

„Бракот не е бајка. Повеќе е како серија… Има сезони кога е драма, има сезони кога е комедија… Еве нè во 32-та сезона и понатаму се гледаме еден со друг без титлови. Што е тука е… Одиме понатаму, па додека издржиме! Борба… Но знај дека ќе бидам тука“, напиша неодамна во описот на фотографија со својот сопруг Михајло Шекуларац.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)


Тие имаат ќерка Сара, која е пејачка и е позната под уметничкото име Зои, како и наследничка Теодора, која исто така се занимава со пеење, но и со јавање коњи.

„Повторно завршивме со медал, трета година по ред во Државното првенство, но со 3 речиси совршени рунди од 120/125, сме повеќе од задоволни“, се пофалила Теодора минатата година на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)


Теодора често се огласува на социјалните мрежи, додека јасно е дека и неа ја краси голема убавина.

Драгана и Михајло заеднички водат приватен бизнис, а, освен успехот во таа област, можат да се пофалат со многу хармоничен брак полн со љубов, разбирање и почит.

„Мене повеќе ништо не ми треба“, напишала Драгана во описот на последната фотографија што ја споделила со својот сопруг, на која ги гледаме на една фарма.

Да потсетиме, најмладата Беквалац, Кристина, беше во брак со Иво Мартиновиќ, од кого се разведе двапати.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....