13:04 - 3 април, 2026

(Фото) Дино Мерлин ја врати на сцена, и тоа директно од село: Еве што прави Ивана Банфиќ далеку од рефлекторите

Беше вистинска бомба во 90-те години, а потоа одлучи да се повлече.

принтскрин

Хрватската пејачка Ивана Банфиќ беше на врвот на својата музичка кариера, а потоа се повлече од центарот на вниманието и го продолжи животот на село со сопругот Круно Ладишиќ и синот Јан.

Таа се посвети на животните и природата, а на Инстаграм често ги изненадува своите следбеници со фотографии од нејзината фарма.

Така често можеме да ја видиме со гумени чизми и лопата во раката, како ја чисти шталата, како се грижи за сеното, копа, сади и слично.

Банфиќ во последните години живее во село во близина на Сисак, каде што нашла мир со своето семејство.

– Како семејство сакавме промена и да пробаме поинаков начин на живот од урбаниот. Дотогаш, 20 години живеев во штикли, во тесни фустани и бев во сопственост на медиумите, секогаш морав да бидам одлична, и морав да бидам убава. Јас и мојот сопруг ја сакаме природата и некако ни дојде спонтано да се преселиме. Започнавме нова авантура, живот на село. Реновираме стара селска куќа и живееме таму. Можеби не е толку едноставно и бајковито како што изгледаше – изјави пред неколку години за медиумите, а денес целосно го живее селскиот живот.

Сепак, Ивана завчера во белградска Арена блесна на сцената во друштво на Дино Мерлин и го оптеаа заедно големиот хит „Годинама“. Беше очигледно дека животот на село ѝ одговара и дека воопшто не изгубила ни грамче од убавината.

принтскрин

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....